Македонија

Почна зимата

22.12.2023 09:40

Синоптичарите за првиот зимски ден најавуваат променливо облачно време, од изутрина со повремени локални врнежи од дожд, а на планините снег што ќе ја зголеми снежната покривка.

Зимата во државава и на северната хемисфера на Земјата календарски почна денеска во 04 часот и 27 минути. Во истовреме на јужната Земјина полутопка почнува летото.

На почетокот на зимата денот е најкраток, а ноќта најдолга. Од денеска ноќите постепено ќе стануваат пократка, а деновите подолги.

Сонцето во Скопје на првиот зимски ден изгреа во 6 часот и 59 минути, а ќе зајде во 16 часот и 6 минути. Денот ќе трае 9 часа и 7 минути.

Синоптичарите за првиот зимски ден најавуваат променливо облачно време, од изутрина со повремени локални врнежи од дожд, а на планините снег што ќе ја зголеми снежната покривка.

Петок, 22 декември, е 358-иот ден во 2023 година. До крајот на годината остануваат уште девет дена.

Зимата ќе трае 88 дена, 23 часа и 39 минути, до 20 март 2024 година, кога на северната хемисфера настапува пролетта, а на јужната есента.