Промовирана новата Единица за јавен ред и мир и интервенции

05.06.2014 15:14

Основна задача на Единицата е воспоставување на нарушен јавен ред и мир во поголем обем со цел заштита на имотот и животот на граѓаните...

Опасното лице кое беше во бегство за кратко време падна во рацете на Единица за  јавен ред и мир и интервенции. Ова е ново формираната единица која е под закрила на СВР Скопје. Во неа 207 полицајци, прераспределени од специјалните единици ќе се грижат за заштитата на јавниот ред и мир. Потребата од ваква единица е тоа што метрополите секогаш се на удар од разни протести. Европските и државите од регионот веќе имаат вакви единици.

„Предизвиците со кои што се соочуваме во Скопје се предизвици со кои што се соочуваат жителите на сите поголеми градови. Затоа и средствата со кои што располагаме за справување со овие предизвици, цениме дека треба да бидат на ниво на средствата и новите методи и техники со кои располагаат нашите партнери од Европа“, изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Годинава позитивен тренд на нарушувањата на јавниот ред и мир во Скопје. Во првите три месеци регистрирани се вкупно 325 прекршоци, лани истиот период имало 830 прекршоци. За 308 случаи, поведена прекршочна постапка против 415 лица, првиот квартал лани- 1029. Новата единицата е со посебна внатрешна организација, и е опремена со специјална опрема за одржување и воспоставување на јавниот ред и мир и извршување на други посложени безбедносни задачи.

Основна задача на Единицата е воспоставување на нарушен јавен ред и мир во поголем обем со цел заштита на имотот и животот на граѓаните.

Единицата ќе врши и редовни полициски работи на рурални подрачја, како и во урбаните средини со мотопатролни служби и пешачки патроли. Ќе се грижи и за интервенции на спортски натпревари и културни манифестации, најавени и ненајавени собири на граѓани, протести, митинзи, штајкови и други форми на незадоволства на граѓани искажани преку организирани или неорганизирани јавни собирања.

 

Наташа Гркова-Петрушевска