ПАРТИИ

СДСМ: Скопјани дишат загаден воздух, а градоначалниците на ДПМНЕ не преземаат ништо

22.12.2023 10:46

Од партијата додаваат дека нема мерки ни за намалување на тековното загадување, а камо ли долгорочни решенија за справување со загадувањето во Скопје.

Скопје со денови е меѓу најзагадените градови на светот. Додека граѓаните дишат отровен воздух, полн со ПМ10 честички, градоначалниците на ДПМНЕ не преземаат ништо, соопштуваат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека нема мерки ни за намалување на тековното загадување, а камо ли долгорочни решенија за справување со загадувањето во Скопје.

Градоначалниците на ДПМНЕ ги интересираат тендери, провизии, скапи часовници, а граѓаните им се на последно место, стои во соопштението.