Обвинителката Симовска ќе го заменува Јовески до изборот на нов републички обвинител
Вршителот на должност се поставува од редот на обвинителите во републичкото јавно обвинителство. Мандатот не смее да трае подолго од шест месеци. Симовска е избрана за оваа функција едногласно.

Обвинителката Соња Симовска е избрана за вршител на должност републички јавен обвинител на денешната седница на Советот на јавните обвинители. Изборот следува бидејќи обвинителот Љубомир Јовески заминува во пензија.
Вршителот на должност се поставува од редот на обвинителите во републичкото јавно обвинителство. Мандатот не смее да трае подолго од шест месеци. Симовска е избрана за оваа функција едногласно.
Претседателката на Советот на обвинители за Симовска кажа дека се работи за искусен обвинител кој има и менаџерски способности и Советот смета дека таа одлично ќе ја извршува функцијата.
Инаку на огласот за нов државен јавен обвинител се пријавиле тројца кандидати-Фатиме Фетаи од Вишото јавно обвинителство Скопје, Лидија Раичевиќ од Основното јавно обвинителство Скопје и Љупчо Коцевски од државното јавно обвинителство.
Мандатот на актуелниот државен обвинител Љубомир Јовески истекува на 25-ти декември.
