свет

ОН: Глад му се заканува на целото население на Газа

22.12.2023 12:37

САД изразија поддршка за најновата нацрт-резолуција на ОН за хуманитарна помош за Газа којашто се очекува да биде изгласана подоцна денеска. Од Светската организација алармираат дека Газа е во опасност од глад доколку конфликтот не заврши.

Хамас се закани дека нема да ослободува заложници додека Тел Авив не се согласи на траен прекин на огнот. Во истовреме, Израел ги повика жителите од централна Газа да се евакуираат кон југот продолжувајќи ја својата копнена и воздушна офанзива. Не престанува ниту вкрстениот оган со Хезболах од Либан.