Германија

Силно невреме ја погоди Германија

22.12.2023 12:44

Делови од Германија погодени од бурата „Золтан“. Поради невремето, црвен метеоаларм издаден во Хамбург.

Делови од Германија погодени од бурата „Золтан“. Поради невремето, црвен метеоаларм издаден во Хамбург и во крајбрежните области на северно море, Шлезвиг-Холштајн и Балтичко Море.

Голем број меѓуградски и регионални линии се откажани или се во прекин, поради паднати дрвја кои ја блокираа железницата во северна Германија и во централната покраина Хесен. 

Во застој е и авиосообраќајот, има доцнење на летовите во Франкфурт. Во Хамбург се излеа реката Елба во близина на пазарот.