Здравство

Наскоро повеќе од 10 лекови на позитивната листа, најави Меџити

22.12.2023 13:59

Тој посочи дека досега се разгледани околу 36 апликации, од кои 22 се оригинатори, 10 генерички и 4 се ентерална нутриција.

За многу кратко време ќе имаме приближно над 10 лекови ставени на позитивната листа на лекови, најави во интервју министерот за здравство Фатмир Битиќи.

„Ова е многу сензитивна точка, 15 години не е ревидирана, ажурирана позитивната листа на лекови. Постапивме многу сериозно и еден мој главен приоритет кога дојдов како министер кажав дека ќе биде позитивната листа. Ние тогаш немавме јасни протоколи, немавме стручна комисија, ние направивме сè и веќе комисијата неколку пати заседава, има состаноци, многу интензивно работат. За кратко време, еве можам да споделам во вашето студио дека за многу кратко време ќе имаме двоцифрен број веќе ставен во позитивна листа за најголемите дијагнози – кардиоваскуларни, онколошки, невролошки што ќе има терапија за тие дијагнози. И ќе бидат приближно над 10“, рече Меџити.

Тој посочи дека досега се разгледани околу 36 апликации, од кои 22 се оригинатори, 10 генерички и 4 се ентерална нутриција.

Меџити истакна дека ќе бидат разгледани уште 28 нови апликации, а за следната година се побарани дополнителни 2,9 милијарди денари за нови лекови на позитивната листа.