Македонија

Финансиската полиција в понеделник влегува во Град Скопје

22.12.2023 14:10

По забелешките во јавноста за новогодишното украсување во Скопје и реакциите дека не е објавен тендер, од Град Скопје излегоа со информација дека украсувањето на градскиот плоштад, главните сообраќајници и новогодишниот базар се финансирани преку јавен повик, кој бил објавен согласно актите и прописите како и сите останати јавни повици.

Финансиската полиција во понеделник влегува во Град Скопје во врска со набавката за новогодишното украсување на главниот град. Градоначалничката Арсовска информираше дека украсувањето на главниот град ќе чини 30 илјади евра, многу помалку во споредба со другите години.

По забелешките во јавноста за новогодишното украсување во Скопје и реакциите дека не е објавен тендер, од Град Скопје излегоа со информација дека украсувањето на градскиот плоштад, главните сообраќајници и новогодишниот базар се финансирани преку јавен повик, кој бил објавен согласно актите и прописите како и сите останати јавни повици.

Во меѓувреме, поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов побара оставка од градоначалничката Арсовска. Според него, Скопје се наоѓа во процес на целосна девастација и предлага на пролет да има избори и за Скопје.