Собранието не избра нов член на ДИК
Нема избор за нов член на ДИК во Собранието. Нема материјали, вели Џафери. ВМРО-ДПМНЕ со став дека нивните претставници може да ја напуштат Изборната комисија...

Нема избор за нов член на ДИК во Собранието. Оправдувањето од спикерот Џафери е дека нема материјали. Наспроти него пратеникот Зендели од БЕСА кој инсистираше точката да биде ставена на дневен ред на новата седница. Условите се исполнети немојте да манипулирате – порача Зендели од говорницата.
Законот го читаат сите, но на свој начин. Алијанса за Албанците тврди дека нивниот предлог треба да биде изгласан иако се во власта, наспроти здружената албанска опозиција која вели местото во ДИК е за опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ излезе со став дека нивните претставници може да ја напуштат Изборната комисија.
Лидерот на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, вели дека потребни се суштински промени во ДИК бидејќи законот не давал можност за соодветно учество во изборниот процес и на помалите партии.
Миле Ристески
