Македонија
Обдукциските наоди за Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски пристигнаа во Обвинителството
22.12.2023 14:36
Од Обвинителството соопштија дека наодите нема да се објават јавно.

Основното јавно обвинителство информира дека пристигнале обдукциските наоди за Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски кои беа пронајдени мртви на 3-ти декември во околината на Скопје и Велес.
Станува збор за наодите што се дел од истрагата која ОЈО Скопје ја води против Љупчо Палевски, првоосомничен за двојното убиство, кој е во притвор во Турција и се чека на неговата екстрадиција, и уште петмина други осомничени.
Од Обвинителството соопштија дека наодите нема да се објават јавно.
