Македонија
Понеделник неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед
22.12.2023 15:06
Согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр. 21/98 и 18/07), 25 декември 2023 година (понеделник), првиот ден на Божик е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Северна Македонија...

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр. 21/98 и 18/07), 25 декември 2023 година (понеделник), првиот ден на Божик е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Северна Македонија.
Воедно, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот Божик.
