Македонската кардиохирургија на светско ниво
Кардиоваскуларните заболувања се убиецот број еден во Македонија и во светот. Статистиката вели- најризична е возраста меѓу 35 и 40 години. Најдобра превенција е редовната контрола и здравиот начин на живот...

Се зголемува бројот на млади што добиваат срцев удар – загрижувачки податоци од кардиолозите. Најризични се годините меѓу 35 и 40. Превентивните здравствени прегледи и здравиот начин на живот се најдоброто оружје за ова заболување.
„Ригорозна контрола на број еден убиецот- тоа е пушењето, драстично намалување на пушењето, зголемување на контролата на ризичните фактори, подобро третирање на хипертензија, дијабет, и тоа што јас би го потенцирал е животниот стил“, вели проф. д-р Сашко Кедев, директор на Клиниката за кардиологија.
Земјава го следи светскиот тренд при треманот на кардиоваскуларните заболувања.
„Споредбено со САД може да се каже дека иако располагате со хетерогена група на оние што даваат здравствени услуги, начинот на кои што се даваат во однос на интервентаната кардиологија, Македонија е на многу напредно и високо ниво“, тврди д-р Самир Панчоли, кардиохирург од САД.
„Изгледите на македонската кардиологија се многу позитивни и добри, организацијата е на највисоко ниво- на интелектуален план и од технички аспект“, смета д-р Винс Даглас, кардиохирург од Велика Британија.
На петтиот Македонски Конгрес на кардиолози, за најновите достигнувања, искуства разменија 800-ни доктори од 26 земји.
Андријана Атанасовска
