Политика

Албанската опозиција ќе го бојкотира Собранието, ако не добие член во ДИК до 31-ви декември

23.12.2023 09:27

Гаши, Меџити и Касами порачуваат дека нема да дозволат да им биде одземено правото да имаат свој претставник во ДИК, бидејќи изборите мора да бидат законски спроведени...

Опозиционерите од албанскиот кампус, здружени во коалицијата Европски сојуз за промени, упатија ултиматум до Владата – ако не добијат член во Државната изборна комисија до 31-ви декември, тие ќе го напуштат и ќе го бојкотираат Собранието.

Гаши, Меџити и Касами порачуваат дека нема да дозволат да им биде одземено правото да имаат свој претставник во ДИК, бидејќи изборите мора да бидат законски спроведени.

Тие ќе притискаат и со гласањето за Талат Џафери да биде премиер во техничката влада, оти според нив, без да се разјасни работата за ДИК и за фер и демократски избори нема простор да се зборува за други работи.

Проблемот со испразнетото место во Државната изборна комисија настана откако Алијансата на Албанците влезе во Владата, а тоа столче е всушност резервирано за опозицијата.