МВР

Запленети околу 7.000 парчиња пиротехнички средства во Битола, приведено едно лице

23.12.2023 09:43

По документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава, соопштуваат од МВР.

Полициски службеници од СВР Битола, вчера го лишиле од слобода З.Т.(60) од Битола. Имено, на 23.12.2023 во времето од 00.20 до 01.05 часот врз основа на наредба од Основен суд Битола бил извршен претрес во дом и помошна просторија во Битола, сопственост на  З.Т.(60) од Битола, при што се пронајдени 4.080 парчиња различни пиротехнички средства-огномети и петарди.

Претходно, на 22.12.2023 во 20.30 часот на ул.„Филип Втори Македонски“ во Битола, при преглед на патничкото возило „поло“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на З.Т. , беа пронајдени 2.713 парчиња различни пиротехнички средства. По документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава, соопштуваат од МВР.