Свет

Ден на жалост во Чешка по масакрот на Карловиот универзитет

23.12.2023 09:47

По инцидентот на Карловиот универзитет полицијата во Чешката Република ги засили превентивните мерки. Распоредени се повеќе полицајци на улиците.

Ден на жалост во Прага по нападот во центарот на градот откако 24-годишен студент во четвртокот уби 14 и рани 25 лица, а потоа се самоуби.

По инцидентот на Карловиот универзитет полицијата во Чешката Република ги засили превентивните мерки. Распоредени се повеќе полицајци на улиците.

Засилените безбедносни мерки ќе траат најмалку до 1 јануари 2024 година.

Вчера на плоштадот во центарот на главниот град полиција уапси маж под сомнение дека носел бомба.