Битола

Зголемена појава на варичела во училишните и предучилишни установи

23.12.2023 11:17

Во битолските училишта и градинки зголемен бројот на заболени деца со овчи сипаници. Во ноември пријавени 96 случаи, трендот продолжува и во декември, велат од Центарот за јавно здравје. Болеста се карактеризира со исип по цел тело и ниска температура, и децата најчесто лесно ја прележуваат…

Зголемен е бројот на отсутни деца во училишните и предучилишните установи, поради појава на варичела-позната и како овчи сипаници. Во Битола, во ноември регистрирани се 96 случаи, трендот продолжува и во декември-велат од Центарот за јавно здравје. Болеста се карактеризира со исип по цело тело, лесно покачена температура и децата најчесто лесно ја прележуваат.

Податоците на ЦЈЗ покажуваат дека во 2021-ва имало само 71 пријавен случај, во 2022-ра 152, додека оваа година заклучно со 15-ти декември бројот за заболени изнесува 571. Овие бројки се очекувани, велат епидемиолозите, поради зимскиот период, но и поради ковид пандемијата.

Варичелата е едно од најчестите заразни заболувања со околу 60% од вкупниот број на пријавени. Вакцината за ова заболување не е задолжителна, истата се дава по клиничка или епидемиолошка препорака и е бесплатна.

Александра Максимовска