Објавен тендерот за третата фаза од пругата кон Бугарија
Градежните работи на терен, пак, би требало да почнат во 2025-та. Постапката за експропријацијата на трасата е тек, а досега се завршени 60 проценти.

Објавен е тендерот за третата делница од пругата кон Бугарија, од Крива Паланка до граница. Целокупната постапка со избор на изведувач треба да се комплетира до третиот квартал в година, информираат од МЖ Инфраструктура.
Градежните работи на терен, пак, би требало да почнат во 2025-та. Постапката за експропријацијата на трасата е тек, а досега се завршени 60 проценти.
Проектот се проценува на 560 милиони евра. Средствата се веќе обезбедени со меѓународна поддршка.
В година треба да продолжат и градежните работи на првите две делници. Првата, од Куманово во Бељаковце треба да биде пуштена за сообраќај во октомври, а втората делница од Бељаковце до Крива Паланка до февруари 2026-та.
