Откупот на тутун со бавно темпо, инспекторатот е на терен
По една недела од почетокот, откупот на тутунот сè уште не е интензивиран. Инспекторатот со порака до откупувачите-да не условуваат евентуално зголемување на цените. Може да ги зголемат по класи …

Само 500 тони тутун по цена од 300 денари се откупени за една недела од кампањата. Почна незапаметено-со пунктови без тутунари. Откупот не добил на интензитет, а од инспекторатот велат дека нема пријавено неправилности иако дел од тутунарите се жалеа дека откупувачите не им го прифаќаат родот.
Инспекторатот со порака до откупните фирми кои манипулираат со тутунарите-да ги симнат најавите дека откупените количества ќе ги доплатат доколку другите фирми ги зголемат цените. Може да ги зголемат цените по класи, без да условуваат.
Годинава родот е преполовен, иако е квалитетен. Интензитетот на откупот се очекува по Нова година.
Елизабета Митреска
