И покрај се, желни за успех
Македонската одбојкарска репрезентација не успеа да мине низ првиот филтер за настап на европското првенство, но покажа дека може да се носи со квалитетните европски селекции. Нов предизвик е настапот во Европската лига.

Со натпреварот против селекцијата на Австрија во Грац вечерва од 20 часот и 15 минути, македонските одбојкари ќе го почнат дебитантскиот настап во Европската лига.Финансиските проблеми и овојпат не го идминаа нашите одбојкаро кои одново со автобус ја крстарат Европа, но оптимизмот и желбата за висок пласман не ги напуштаат, а амбициите се настап на завршниот турнир на најдобрите 4 екипи, популарниот фајнл фор.До него македонската селекција ќе стигне со освојување на едно од првите две места во групата во која веќе идниот викенд во Струмица ќе играат со Данска , а уште партиципираат и селекциите на Турција и Словенија.