ФРАНЦИЈА

Над 700 вработени во „Ербас Атлантик“ затруени со храна на божикна забава

23.12.2023 17:37

Вработените во погонот на компанијата за производство на авиони во западна Франција се пожалиле на стомачни проблеми и дијареја по вечерата.

Повеќе од 700 вработени во „Ербас Атлантик“ затруени на  божикната забава, соопштија француските здравствени власти.

Вработените во погонот на компанијата за производство на авиони во западна Франција се пожалиле на стомачни проблеми и дијареја по вечерата.

Засега е нејасно што имало на менито. Покрената е истрага за откривање на изворот на масовното труење со храна.

„Ербас Атлантик“ е подружница на „Ербас“, и има 15.000 вработени во пет земји.