Македонија
МВР: Приведен криумчар на мигранти, пронајдени шест лица од Сирија
23.12.2023 18:40
Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава...

Денеска околу 15 часот на автопат А1, кај клучка Миравци, полициски службеници од РЦГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица го лишија од слобода А.А.(37) од Неготино затоа што во патничко возило „тојота авенсис“ со скопски регистерски таблички превезувал шест лица од Сирија.
Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава, соопштуваат од МВР.
