Се продлабочува кризата по изборните резултати во Србија
Несторовиќ побара повторување на изборите во српската престолнина. Опозицискиот блок „Србија против насилството“ протестира и бара повторување на изборите, од владејачката СНС велат дека победиле.

Се продлабочува кризата по изборните резултати во градот Белград. Бранимир Несторовиќ од листата „Ние, гласот на народот“ изјави дека решиле оти нема да коалицираат со никого и не поддржуваат никого.
Несторовиќ побара повторување на изборите во српската престолнина. Опозицискиот блок „Србија против насилството“ протестира и бара повторување на изборите, од владејачката СНС велат дека победиле.
За утре претседателот Вучиќ најави обраќање, а според српските медуми се очекува да одговори на сите обвинувања и напади на кои е изложена земјата по изборите на 17-ти декември.
