Регион

Грција: Казни од 41,7 милиони евра за пет банки и Асоцијацијата на банки

23.12.2023 19:26

Банките имале усогласена провизија за подигнување готовина од банкомати со картички од странство или од други банки, но и разменувале информации за предвидениот износ.

Комисијата за конкурентност на Грција изрече казни од 41,7 милиони евра на пет банки и Асоцијацијата на банки поради усогласени практики и размена на информации.

Банките имале усогласена провизија за подигнување готовина од банкомати со картички од странство или од други банки, но и разменувале информации за предвидениот износ.

Во усогласувањата била вклучена и Асоцијацијата на банки на Грција, која во одредени случаи имала улога на олеснувач во размената на информациите.