Свет

САД: Врховниот суд го одложи прашањето за имунитетот на Трамп

23.12.2023 20:11

Датумот за судскиот процес за изборна измама во Вашингтон, планиран за почетокот на март се поместува. Одлуката се оценува како удар за специјалниот обвинител Џек Смит, кој го обвини Трамп за обид да ги поништи резултатите од претседателските избори во 2020 година.

Врховниот суд на САД го одби барањето за брза одлука за имунитетот на поранешниот претседател Доналд Трамп. На овој начин се одложува почетокот на судењето, потенцијално до изборите идната година.

Датумот за судскиот процес за изборна измама во Вашингтон, планиран за почетокот на март се поместува. Одлуката се оценува како удар за специјалниот обвинител Џек Смит, кој  го обвини Трамп за обид да ги поништи резултатите од претседателските избори во 2020 година.

Претходно, Колорадо му забрани на Трамп да се појавува на гласачките ливчиња, одлука која правниот тим на Трамп вети дека ќе ја обжали.