Елмас потпиша за Лајпциг
23.12.2023 19:18
Трансферот на Елмас од Наполи во Лајпциг, според медиумите, изнесува 25 милиони евра, плус еден милион евра во бонуси.
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас успешно ги мина задолжителните медицински прегледи и потпиша денеска долгогодишен договор со германскиот прволигаш Лајпциг.
Трансферот на Елмас од Наполи во Лајпциг, според медиумите, изнесува 25 милиони евра, плус еден милион евра во бонуси.
24- годишниот македонски репрезентативец ќе игра за Лајпциг до 2028 година.
Елмас се сели во германскиот прволигаш од редовите на Наполи, каде што дојде од Фенербахче во 2019-та година за 16 милиони евра.
Фото: ФФМ