СРБИЈА
Потона познат сплав во Нов Белград, гостите се спасувале скокајќи во Сава
24.12.2023 09:05
Гостите се обиделе да се спасат скокајќи во Сава и пливајќи кон брегот. Властите евакуирале десетмина.
Познат сплав во Нов Белград потона синоќа нешто по полноќ, во време кога на него имало голем број млади луѓе кои следеле музички настап.
Гостите се обиделе да се спасат скокајќи во Сава и пливајќи кон брегот. Властите евакуирале триесетина млади лица, меѓу кои десетина малолетници.
Според првичните информации на потонувањето на сплавот му претходел конфликт меѓу гостите и обезбедувањето.
Фото: РТС
