Празник

Католиците и дел од православните вечер го празнуваат Бадник, во пресрет на Божик

24.12.2023 08:41

Светата Божикна литургија ќе ја предводи бискупот скопски и струмичко-скопски епарх, монсињор Киро Стојанов. Македонската телевизија вечерва ќе врши директен пренос од мисата...

Христијанските верници кои се водат по новиот, Грегоријански календар денеска го слават Бадник, ден пред рождеството христово - Божик. Во земјава, централната прослава по повод празникот ќе се одржи во Католичката црква „Пресвето срце Исусово“ во Скопје.

Светата Божикна литургија ќе ја предводи бискупот скопски и струмичко-скопски епарх, монсињор Киро Стојанов.

Македонската телевизија вечерва ќе врши директен пренос од мисата. Божик утре го слават и грчката, бугарската, романската, украинската, како и грузиската православна црква кои го прифатија Грегоријанскиот календар.

Преостанатиот православен свет, кој се води по Јулијанскиот календар, меѓу кои е и нашата црква, Божик го празнува на 7-ми јануари.