МВР

143 санкционирани возачи во Скопје, 62 за брзо возење

24.12.2023 08:52

На територија на град Скопје изречени се вкупно 143 санкции, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 62 мерки, 10 санкции за возење без возачка дозвола, пет санкции за минување на затворен сигнал-црвено светло, осум мерки за управување под дејство на алкохол...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 143 санкции, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 62 мерки, 10 санкции за возење без возачка дозвола, пет санкции за минување на затворен сигнал-црвено светло, осум мерки за управување под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопштуваат од МВР.