Македонија

УХМР: Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност

24.12.2023 08:39

Во наредните денови продолжува периодот на претежно тивко и релативно топло време, освен по котлините каде ќе има појава на магла и пониска дневна температура...

Во најголем дел од земјава времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност, информираат од УХМР.

По котлините, особено долж Повардарието, постудено со појава на магла, која попладне ќе слабее. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 8 до 17 степени.

Во Скопје магливо и тивко, попладне видливоста ќе се зголеми. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 9 степени.