Воен конфликт

Сирени за воздушен напад во северен Израел, уапсени 200 членови на Хамас и Исламски џихад

24.12.2023 10:17

Американскиот претседател Бајден изјави дека телефонски разговарал со израелскиот премиер Нетанјаху, но не побарал прекин на огнот во Појасот Газа.

Сирените за воздушен напад се огласија во три кибуци во северен Израел.

Властите во Тел Авив велат дека уапсиле 200 членови на Хамас и Исламски џихад во изминатата недела.

Во соопштението се вели дека некои од осомничените се криеле меѓу цивилното население и се предале доброволно.

Американскиот претседател Бајден изјави дека телефонски разговарал со израелскиот премиер Нетанјаху, но не побарал прекин на огнот во Појасот Газа.

„Копнената операција овозможува темелно уништување на оружјето и подземната инфраструктура. Досега нашите сили уништија и конфискуваа противтенковски ракети, опрема, голем број оружје во Газа“, изјави Даниел Хагари, портпарол на ИД.

Хамас повика на меѓународна истрага за „погубувањето на 137 цивили“ од страна израелската армија во Појасот Газа од почетокот на војната на 7-ми октомври.