КОСОВО
Курти: Радоичиќ подготвува нови напади
24.12.2023 10:49
Курти на прес-конференцијата го критикуваше и косовското обвинителство затоа што и по три месеци од нападот кај Бањска, сè уште нема обвинение.

Mилан Радоичиќ подготвува нови напади на Косово, тврди косовскиот премиер Албин Курти. Заедно со министерот за внатрешни работи коментираа дека целта е да се дестабилизира државата.
Курти на прес-конференцијата го критикуваше и косовското обвинителство затоа што и по три месеци од нападот кај Бањска, сè уште нема обвинение.
За изјавите на косовскиот премиер од Белград велат дека се апсолутна лага.
На 24-ти септември група вооружени лица ја нападнаа косовската полиција кај Бањска. Во нападот беше убиен полицискиот старешина и тројца припадници на групата.
