ТАЈВАН
Осум кинески борбени авиони и еден балон ја преминале централната линија на Тајванскиот теснец
24.12.2023 11:37
Кина ги засилува своите мисии во близина на Тајван...

Министерството за одбрана на Тајван објави дека откриле осум кинески борбени авиони и еден балон кои ја преминале централната линија на Тајванскиот теснец во изминатите 24 часа.
Тајван, кој Кина го смета за своја територија, постојано се жалеше на кинеската воена активност околу островот во последните четири години.
Кина ги засилува своите мисии во близина на Тајван како што се приближуваат претседателските и парламентарните избори на островот на 13-ти јануари.
