Филе: Опозицијата да се врати во парламентот
Во соопштението од комесаријатот за проширување е наведено и дека се разговарало за последиците од неодамнешните избори, препораките на набљудувачката мисија на ОБСЕ, недостатокот на поделбата мегу државата и партиските активности како и пристрасното медиумско известување...

Опозицијата да се врати во парламентот, и на тој начин да придонесе за решавање на проблеми и спроведување на реформите неопходни за земјата. Одењето надвор од демократските институции ги слабее истите, и не е во интерес на државата- оваа е пораката која комесарот за проширување Стефан Филе им ја упатил на двоецот Заев –Шеќеринска на денешната средба во Брисел.
Во соопштението од комесаријатот за проширување е наведено и дека се разговарало за последиците од неодамнешните избори, препораките на набљудувачката мисија на ОБСЕ, недостатокот на поделбата мегу државата и партиските активности како и пристрасното медиумско известување.
Заев и Шеќеринска одбија да дадат изјави за македонските дописници во Европската престолнина.
Ова е втор пат раководството на СДСМ да одбие да даде изјава за македонските медиуми во Брисел, иако токму оваа партија се декларира како најголем поброник за слобода на медиумите.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
