Со симболично берење бадникови гранчиња почна годинашната прослава на Бадник
Со симболично берење бадникови гранчиња во месноста Говрлевска Краста на јужните падини на Водно, почна годинашната прослава на Бадник. Кумот Божидар Јанковски и здравичарот Анастас Тановски направија сефте …

„Како што е светол денот, таква да е и годината“ – порачаа бадникарите на традиционалното сечење на бадниковите гранчиња во Говрлевска Краста на падините на Водно.
Со македонско оро и оркестар од трубачи беа дочекани овогодишниот кум Божидар Јанковски, здравичарот-актерот Атанас Тановски и официјалните гости кои први ги засекоа бадниковите гранчињата.
За граѓаните овој обичај има и верско и социјално значење. Веруваат дека овие гранчиња ќе им донесат здравје, среќа и бериќет. Сите со желба да се одржи традицијата.
Да се посветиме на вредностите кои нè прават да бидеме подобри луѓе и на сплотеност, порачаа градоначалниците на Скопје и на Центар.
Бадниковите гранчиња што се береа на Водно на верниците ќе им се поделат на Бадник во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
Александра Велинова
