Политика

Кулминира борбата за испразнетото место во ДИК

24.12.2023 16:13

Владејачката СДСМ се огласи по најавата на опозиционерите од албанскиот кампус дека ќе го напуштат и бојкотираат Собранието доколку до Нова година не биде избран нивниот кандидат за член во ДИК. Социјалдемократите повикаа на трпение. Од Европскиот сојуз се сомневаат дека се подготвува фалсификат уште пред да почнат изборите …

Политичката борба за тоа кој ќе го пополни испразнетото место во ДИК, по изборот на Кренар Лога за министер за правда доживува кулминација. За тоа место претендираат и Алијанса и здружената опозиција во албанскиот блок. Откако Европскиот сојуз за промени се закани со напуштање на Собранието, од СДСМ велат изборот на член на ДИК наскоро ќе добие епилог според деловничките процедури.

Европскиот сојуз за промени инсистира да го добијат местото во ДИК зашто сите аргументи се на нивна страна. Оттаму се сомневаат дека власта преку политички игри остава простор за изборен фалсификат.

ВМРО-ДПМНЕ уште од претходно најави дека ако комисијата не се комплетира со уште еден член од опозицијата, размислува да ги повлече и нивните членови.

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски само кусо ни одговори дека се воздржува од коментар.

Игор Панов