МРТ по 50 години: На ниво на европските медиуми

05.06.2014 17:36

Куќата од која произлегоа врвни новинарски имиња зрачи со нова енергија и амбиција да застане рамо до рамо со европските национални сервиси. Новото време го враќа стариот сјај. Богатата понуда ги враќа гледачите...

Нови студија, нова опрема, најмодерна технологија и графика, нови репортажни возила. Информативната програма е засилена со нови, докажани професионалци, со веќе докажани, но и нови новинарски имиња. Од шоуа до фестивали, од детска програма до документарни серии- Македонската радио телевизија креира програма за сечиј вкус. Освен техничко- технолошкиот развој на јавниот сервис во Република Македонија, во овој изминат период јавниот сервис набави нови студиски камери, нови И-Н-Џ камери, опремени и модернизирани се студиата, а во функција на МТВ се и две нови репортажни возила.

„Она што ја издвојува Македонската телевизија од другите телевизии во Македонија и ја става на ниво, рамо до рамо до останатите јавни сервиси во регионот, е тоа што МТВ во овие години успеа да понуди квалитетна програмска шема, квалитетна програмска понуда“, вели уредниот на првиот програмски сервис, Диме Ратајковски.

Куќата од која произлегоа врвни новинарски имиња зрачи со нова енергија и амбиција да застане рамо до рамо со европските национални сервиси. Новото време го враќа стариот сјај. Богатата понуда ги враќа гледачите.

„Ако половина век МТВ ги пренела најважните спортски моменти, поврзани со најголемите успеси на македонскиот спорт, освен тоа и со најголемите случувања во светот на спортот, најграндиозните настани... настојуваме таа тенденција да ја задржиме и денеска“, вели Дрган Николовски, новинар од спортска редакција на МРТ.

„Нови програмски појаси, нови содржини, едукативни, тоа е она што ќе понудиме во новата програмска шема. Македонски траги, светот на сообраќајот, сообраќајна култура, научна програма... се само дел од насловите“, изјави Анета Андонова, од образовната редакција.

За да не се создаваат вредности од минлив карактер, МРТ го заштитува и она што консументот го бара, создава база за реална и конкурентска битка, од големиот број настани и збиднувања.

„Клучен предизвик за овој тим во информативната програма е да го спои искуството на врвните професионалци кои работеа и сега работат во куќата, со ентузијазмот на младите медиумски таленти и да создаде квалитетна информативна програма. Можеби ќе звучи нескромно, но мислам дека ќе успееме. Иформативната програма  на МТВ денеска е на ниво на европските јавни сервиси“, вели Билјана Василева Трендафилова, заменик уредник на информативната редакција.

И по 50 години, Јавниот сервис останува да ја реализира својата  задачата  да креира високо квалитетни содржини и да наметне професионални стандарди, при создавање брендови и настани од национален интерес.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска