Политика

Ковачевски: Уставни измени за да продолжи европскиот пат

24.12.2023 17:15

Иако смета дека е рано да се говори за предизборни коалиции, Ковачевски упатува покана за формирање широк европски фронт што ќе ја придвижи Македонија напред.

Премиерот Ковачевски испрати нов повик до сите политички партии застапени во Собранието да ги донесат уставните измени за да продолжи европскиот пат. Тој во интервју за Цивил, вели дека е уверен оти овој парламентарен состав има пратеници со визија, кои ја гледаат земјава како прогресивна, развиена демократија, дел од големото европско семејство.

Иако смета дека е рано да се говори за предизборни коалиции, Ковачевски упатува покана за формирање широк европски фронт што ќе ја придвижи Македонија напред.

Тој очекува првиот трансфер на пари од Брисел преку европскиот План за раст да се случи во април 2024-та година.