Продолжуваат протестите по изборите во Србија

Обид за насилно влегување во белградското Собрание

24.12.2023 20:13

„Нема да ја дадеме победата“, извикуваат приврзаниците на опозицијата на денешниот протест во центарот на Белград, пред седиштето на главното избирачко тело.

Растат тензиите по изборите во Србија, особено оние во Белград. Опозицискиот блок „Србија против насилството“ на протестот во центарот на Белград порача дека нема да се откаже од поништувањето на изборите, додека владата ги отфрла сите тврдења за нерегуларности.

„Нема да ја дадеме победата“, извикуваат приврзаниците на опозицијата на денешниот протест во центарот на Белград, пред седиштето на главното избирачко тело.

Одредени лидери на листата „Србија против насилството“ се обиделе насилно да влезат во градското собрание на Белград, за кое тврдат дека е „нивно бидејќи победиле на изборите во Белград“.

Поддржувачите извикувале: „отворај, отворај“ и „победа, победа“. Поддржувач на опозицијата со дршка од знаме го скршил стаклото на влезната врата на градското собрание во Белград.

Поддржувачите на опозицијата за утре најавуваат блокади на одредени патишта во Белград, а некои политичари од блокот „Србија против насилството“ на чело со Мариника Тепиќ продолжуваат со штрајкот со глад за да извршат притисок врз власта да ги исполни нивните барања за повторување на изборите.

Фото: РТС