Регулаторна комисија

Од утре ќе се знае цената на струјата од Нова година

25.12.2023 08:47

Регулаторната комисија за енергетика ќе објави и колкав ќе биде надоместокот за пренос и дистрибуција на електрична енергија.

Утре ќе се знае цената на струјата од Нова година. Регулаторната комисија за енергетика ќе објави и колкав ќе биде надоместокот за пренос и дистрибуција на електрична енергија.

Надлежните тврдат дека нема да има ценовен шок. енергетските компании бараат зголемување од 27 проценти, но првиот човек на Регулаторна, Бислимовски уверува дека компаниите нема да добијат толку висок процент. Новата ставка, надомест за пренос и дистрибуција ќе ја плаќаат сите, без разлика дали трошат или не струја.

Сумата би се движела од 50 до 250 денари. Привршува сотирањето на броилата за дневната евтина тарифа од 13 до 15 часот.