На 18-ти јуни пресуда за „Монструм“
Обвинетите до последен збор се колнат во својата невиност. Велат дека не се терористи и дека нивното алиби е издржано и не биле на кобното место кога се случило убиството...

На 18- ти месецов судот ќе ја изрече казната за најмонструознотоубиство во соверемена Македонија. Судскиот процес за петкратната егзекуција кај Смиљковското Езеро заврши.
Обвинетите до последен збор се колнат во својата невиност. Велат дека не се терористи и дека нивното алиби е издржано и не биле на кобното место кога се случило убиството.
За исказот на заштитениот сведок, клучен за обвинителството, велат дека е конфузен, нејасен и не докажува ништо.
Обвинителството минатата недела побара најстрога казна. Законот за ова дело дозволува и казна доживотна робија ако се потврди нивната вина.
На двајцата првообвинети, кои се посочуваат како директни извршители, им се суди во отсуство. Издржуваат казна во затвор на Косово.
Наташа Јанчиќ
