Скопје
Финансиска полиција денеска треба да влезе во град Скопје
25.12.2023 08:52
Градоначалничката Арсовска тврди дека китењето чини 30 илјади евра, но не открива која фирма била задолжена за украсувањето и дали воопшто за постапката бил распишан тендер.

Финансиската полиција влегува во град Скопје, за набавката за новогодишното украсување на метрополата. Градоначалничката Арсовска тврди дека китењето чини 30 илјади евра, но не открива која фирма била задолжена за украсувањето и дали воопшто за постапката бил распишан тендер.
Преку писмено соопштение, објави дека новогодишното украсување е финансирано преку јавен повик, кој бил објавен според сите акти и прописи. Секоја друга останата „вест“ е обид за манипулација, сензационализам и шпекулации, велат од град Скопје.
