Соња Симовска денеска седнува на позицијата ве-де републички јавен обвинител
На позицијата ве-де републички јавен обвинител може да остане најмногу 6 месеци. Во трката за нов државен обвинител се тројца кандидати-Фатиме Фетаи, Лидија Раичевиќ и Љупчо Коцевски.

Соња Симовска седнува на фотељата на нејзиниот доскорешен шеф Љубомир Јовески, кој заминува во пензија. На позицијата ве-де републички јавен обвинител може да остане најмногу 6 месеци. Во трката за нов државен обвинител се тројца кандидати-Фатиме Фетаи, Лидија Раичевиќ и Љупчо Коцевски.
Советот на јавни обвинители најдоцна за две недели треба да даде позитивно или негативно мислење до владата, по што извршната власт до Собранието предлага еден од кандидатите што добил позитивно мислење.
Јавниот обвинител го избира Собранието со просто мнозинство, со мандат од шест години и право на повторен реизбор.
