Денеска католичките верници слават Божиќ
Централната прослава во Македонија по повод празникот се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде синоќа имаше божикна полноќна света литургија.

За католичките верници денес е голем ден. Се одбележува Христовото Раѓање-Божиќ. Централната прослава во Македонија по повод празникот се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде синоќа имаше божикна полноќна света литургија.
Бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов упати честитка до граѓаните со католичка вероисповед по повод празник Божик. Иако православни држави сепак денес Божиќ го слават Бугарската, Романската, Грчката Грузиската и од неодамна Украинската православна црква кои се водат според Грегоријанскиот календар.
Македонската заедно со Руската и Српската црква сè уште се водат според Јулијанскиот календар и Божиќ ќе се одбележи на 7-ми јануари.
