Честитка од министерот Спасовски до граѓаните од католичка вероисповед по повод празникот Божик

25.12.2023 09:59

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упати честитка до граѓаните од католичка вероисповед по повод големиот христијански празник – Божик, со желби за здравје, просперитет и благосостојба...

Радувајќи се на Христовото раѓање како светла иднина за човештвото, да се ориентираме кон единството и солидарноста, во духот на христијанската порака за љубов меѓу ближните.

Нека Божјата милост кон човекот ни го осветли патот кон позитивните вредности и нè обедини, да се разбираме и почитуваме меѓу себе, заедно да градиме мир во нашето општество, со свој придонес кон колективното добро да обезбедиме иднина за сите.
Посакувам радосни празнични моменти, нека Божикната благодат донесе благослов и спокој во сечиј дом!

Христос се роди! Честит Божик! - стои во честитката упатена од министерот.