Германија

Голема полициска акција на новогодишната ноќ во Берлин

25.12.2023 11:57

На улиците ќе бидат распоредени до 2.500 полицајци. Според властите, засилените безбедносни мерки се резултат на тензиите во заедницата предизвикани од војната во Газа и искуството од претходната новогодишна ноќ.

Полицијата во Берлин најави голема полициска акција на новогодишната ноќ. На улиците ќе бидат распоредени до 2.500 полицајци. Според властите, засилените безбедносни мерки се резултат на тензиите во заедницата предизвикани од војната во Газа и искуството од претходната новогодишна ноќ.

Лани, покрај вообичаениот огномет на улиците, имаше и многу пиротехнички средства и напади врз полициски службеници, пожарникари и болничари во некои делови на германската престолнина и други поголеми градови. Неодамна, пет лица беа приведени во антитерористичка операција на истокот на земјата.

Вчера беа зголемени безбедносните мерки во катедралата во Келн поради индиции за можен план за напад на исламистичка група.