САД

Карван мигранти тргна од Мексико кон границата со САД

25.12.2023 11:57

До 8.000 луѓе од сите возрасти, главно од Венецуела, Куба и Мексико, се дел од поворката со транспарент на кој пишува „Егзодус на сиромаштијата“.

Карван мигранти од централна и јужна Америка тргна од Мексико кон границата со САД. До 8.000 луѓе од сите возрасти, главно од Венецуела, Куба и Мексико, се дел од поворката со транспарент на кој пишува „Егзодус на сиромаштијата“.

Најновите случувања со миграцијата на мексиканско-американската граница следат неколку дена пред посетата на американскиот државен секретар Блинкен во Мексико Сити.

Вашингтон сака да склучи нови договори за контрола на миграцијата, за што доби зелено светло од мексиканскиот претседател вели, дека е подготвен повторно да соработува со САД за ова прашање.