Украина

Божиќ во сенката на двете војни во Украина и во Израел

25.12.2023 12:53

Во кој Господ веруваме, порака папата Францис во традиционално предбожикно обраќање од катедралата „Свети Петар и Павле“ во Рим. Трката за пари и моќ се предизвиците кои доведуваат до војни, оцени поглаварот на светата столица. Во Украина за првпат се прослави раѓањето Исусово според грегоријанскиот календар, Зеленски порача-светлината ќе ја победи темнината. Во Витлеем, католичкиот патријарх им вети на палестинците-нема да ве напуштиме.

Божиќ во сенката на двете војни во Украина и во Израел. Меѓу двата напада на руските оружени сили, украинскиот претседател Зеленски за првпат им го честиташе раѓањето на Исус според новиот календар. Пред црквата „Света Софија“ во центарот на Киев, тој им вети на украинците дека на крајот, темнината ќе биде поразена.

„Божиќната ноќ е една од најдолгите. Но потоа денот е подолг, светлината надвладува. И светлината е посилна. И чекор по чекор, темнината се повлекува. Злото ќе биде победено. Тоа е наш заеднички сон. За нашата победа и денот кога во домовите ќе прославиме мирен Божиќ“, изјави Володимир Зеленски - претседател на Украина.

И покрај непризнавањето од руската патријаршија, во Украина верниците се собираат во манастирите и црквите да го прослават Божиќ според грегоријанскиот календар. Меѓу нив и Украинката чиј сопруг е на фронтовските линии.

„Мислам дека менувањето на датумот на Божиќ е многу важно. Земјава треба да се оддалечи од Русија и од нејзините празници“, изјави Украинка.

Војната во Појасот Газа влијае, но не ги промени обичаите за прослава на празникот. Полноќната миса во Витлеем, во катедралата на создавањето, патријархот на Ерусалим, со порака мир и солидарност до Палестинците во Газа.

„Не сте сами. Никогаш нема да ве напуштиме, бидете храбри како и досега. Искусивте страв, смрт и трагедии. Вашето присуство таму е храбро. Од сега, од Витлеем, сте во нашите прегратки“, изјави Патријарх Пјербатиста Пицабала-католички патријарх на Ерусалим.

Папата Францис, во традиционалното божикно обраќање од базиликата „Свети Петар“ во Рим, ги адресираше главните глобални предизвици – трката за пари и моќ, за слава, за свет опседнат со постигнувања.

„Браќа и сестри, можеме конечно да се прашаме себеси: Во кој Господ ние веруваме?!“, изјави папа Францис.

Некому не му пречи и светската економска криза за прослава на празникот. Веројатно, во периоди на температура под нулата на северната, најпривлечните глетки пристигнуваат од јужната хемисфера. Некои од туристите се и од студената Велика Британија.

„Ние сме навикнати на дожд, смрзнувачки студено е во Англија, променив овојпат поради топлината. Малку плажа, малку сонце, жежок божикен ден“, изјави англиски турист на Бонди, плажата во Австралија.

Во Австралија се одржаа молитви и за Израел и за Украина. 

 

Зоран Богатинов