Ловот им преседна на градоначалниците на Кочани и Виница

05.12.2013 12:11

На граничниот премин Станке Лисичково

На граничниот премин Станке Лисичково на бугарската граница се задржани двајцата градоначалници на Кочани и Виница поради пронајдени куршуми во автомобилот со кој патувале кон Македонија. Како што јавуваат бугарските агенции во автомобилот Цитроен, биле откриени куршуми за малокалибарска пушка и пет кутии ловечки патрони. Изутрината двајцата градоначалници на Кочани и Виница не се појавија во општините,ба од полицијата засега нема информација за случајот. Според меѓународното право, ваквите случаи се надлежност на министрествата за надворешни работи. Двајцата македонски градоначалници се враќале кон Македонија од Благоевград каде што делегацијата од Источниот регион заедно со бизнисмени учествувала на форумот Бизнис без граници.