двојно убиство

Не се откриваат детали од обдукцијата во интерес на истрагата за двојното убиство, велат од Обвинителство

25.12.2023 13:02

Извештајот од обдукцијата на телата на Вања и Панче е стигнат во Обвинителството. Од таму велат во интерес на истрагата не се откриваат детали за начинот на кој биле убиени. Јавноста чека одговори, наодот според истражните органи е клучен и за квалификацијата на делата според кои ќе бидат гонети осомничените...

Наодите од обдукцијата за малата Вања и фризерот Панче пристигнаа во Обвинителството. Нема одговор на прашањата ниту за точното време на смртта, ниту за начинот на кој биле убиени, ниту еден детал, бидејќи обвинителите го анализираат и не споделуваат ништо заради истрагата.

Додека обвинителите анализираат, во јавноста веќе се лиферуваат многу инофрмации од наводни извори во Обвинителството. 14-годишната Вања според нив била убиена со истрел од огнено оружје. Но со какво е пукано ќе покаже вештачењето на куршумот. Во претходните свои изјави обвинителот Бубевски кажа дека материјалните докази со кои до тогаш располагаат ги потврдуваат исказите на осомничените.

На првичната прес-конференција и министерот Спасовски посочи дека Вања е убиена со огнено оружје.

Сепак наодот веројатно ќе е клучен и за квалификацијата на кривичните дела за кои ќе се гонат осомничените. Јавноста ја чека екстрадицијата на Палевски, а петмина други се во притвор.

 

Фиљана Кока