Охрид

Блесна новогодишната елка во езерските води

25.12.2023 13:08

Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид, со поддршка на волонтерите на Црвен крст – Охрид во Музејот на вода кај Градиште, традиционално и оваа година ја накитија подводната новогодишна елка.

Традицијата продолжува, блесна новогодишната елка под вода. Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид, со поддршка на волонтерите на Црвен крст – Охрид во Музејот на вода кај Градиште, традиционално и оваа година ја накитија подводната новогодишна елка и на сите граѓани на Република Македонија им ја честитаат новата 2024 година.

Како и секоја и оваа нова 2024 година нуркачите од „Амфора“ им ја посветуваат на децата со ретки болести со желба за здравје, успех и среќно детство.

Посетителите на Музејот на вода, елката ќе можат да ја видат од денеска па се до крајот на јануари.